Петар Печков
Објавено: недела, 07 март 2010
Во првиот дуел Русевски загуби од Шеткиќ со 3:1 , по сетови 1:6, 7:5 6:4, 6:2. Пецко одлично го започна дуелот, поведе убедливо а резултатот се кршеше во вториот сет кога Русевски ( 615 АТП листа) губеше со 0:3, израмни на 5:5 имаше и 40:30 на негов сервис но не успеа да поентира по што Шеткиќ ( 385 АТП листа со 7:5 израмни на 1:1 а во следните два сета гостинскиот тенисер беше поуспешен и победи со 3:1 и на неговата репрезентација и донесе израмнување од 2:2. Русевски поразот го припиша на недоволниот фонд натпревари во пресрет на овој Дејвис куп.
Последниот меч требаше да го даде победникот па македонскиот селектор се реши наместо најавениот Димитар Грабулоски, кој слабо одигра во петокот и освои само 5 гема во три сета, во игра да го постави Лазар Магдинчев ( без ранкинг на АТП листата) . Тој играше со вториот босански тенисер Горчиќ ( 588 АТП листа). Магдинчев во седмиот гем од првиот сет направи брејк и даде надеж дека може да победи. Но гостинот бргу врати и израмни на 5:5 па победникот во првиот сет се решаваше во тај-брејк, каде босанецот со 7:5 поведе со 1:0.
Во следните два сета слаб отпор на Магдинчев кои ги загуби со 1:6 и 3:6 за голема радост на гостите до Сараево бидејќи победија со севкупен резултат 3:2 иако губеа со 1:2. И Магдинчев како и Русевски се пожали дека од август нема одиграно тениски натпревар, така што ова бил неговиот максимум.
По овој праз во јули македонската селекција ќе игра со Унгарија на гости во борба за опстанок во втората и евро - африканска зона на Дејвис купот. Организатор на мечот беше ТК Борец а мечевите се играа во салата ,,Гемиџии,, .
Tweet |